Новите Измени во Законот за Сообраќај Стартуваа Денеска

Од денеска стапуваат во сила новите измени на Законот за сообраќај. Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата случаи паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.
Доколку, пак, се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволенто, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаја не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.
Слични се санкциите и за пречекорување на дозволената брзина на отворен пат. За возење 70 километри на час повеќе од дозволеното, казната е 400 евра или 65 негатиовни поени и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење за 50 до 70 километри на час, 30 до 50 километри на час и до 30 километри на час, казните се исти како претходно спомнатие за населено место

Напишете коментар