Нова „зелена“ површина во Струмица

Денес вработени во РЕ „Зеленило“ при ЈПКД „Комуналец“ , извршија оплеменување на „триаголникот“ кој се наоѓа на почетокот на булеварот Ленинова (на влезот во градот). Според зборовите на раководителот на РЕ „Зеленило“, Ленче Гудева, на овој простор се посадени хризантеми и други хортикултурни единици, со што е разубавен овој дел од градот. Оваа активност е дел од Програмата „50 нови зелени површини“ за 2016 год. на Општина Струмица, од која веќе се отворени 32 нови зелени површини, а во наредниот период преостанува да се завршат и преостанатите 18. И за реализаација на оваа програма, Општина Струмица има проектирано наменски буџетски средства.

Напишете коментар