Неделен билтен на СВР Струмица

На 16.02.2019 година во 11,45 часот во СВР Струмица, И.Т.(42) од Струмица, пријавил дека на 04.01.2019 година исчезнал неговиот син Б.Т.(20), кој требало да се врати во Швајцарија каде што учел и работел. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На ден 17.02.2019 година во 14:20 ч. во ПС ОН Гевгелија, поради сомневање за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичен закон е задржан странскиот државјанин В.С.(30) од Р.Косово. Лицето е лишено од слобода на Граничен премин Богородица во 11,00 часот.

На 17.02.2019 година во 05.20 часот во Полициско одделение Ново Село лицето И.П (40) од с. Ново село пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот во казино во Ново село бил физички нападнат од И.Т од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.02.2019 година во 23:10 часот во Полициска станица Струмица лицето Ш.Д (48) од село Нова маала пријавил дека истиот ден околу 21:00 часот на улица во сео Нова маала неговата малолетна ќерка била физички нападната од страна на лицето Б.Д од истото село. ПС Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

На 17.02.2019 година во 19:40 часот во Полициска станица Струмица лицето Ј.Ј (36) од село Бориево, општина Струмица пријавил дека истиот ден околу 17:30 часот на излезот од училишниот двор во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на Т.В. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.02.2019 год. во 02:30 часот во Полициска станица Струмица од страна на И.С (33). од село Гечерлија е пријавено е дека во казино во Струмица лицето А.К го нарушило јавниот ред и мир ударајки со рака во зид кој се наоѓал покрај влезната врата на казиното, со што направил оштетување на зидот и ги вознемирил присутните. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Напишете коментар