Наставници од СОУ „Јане Сандански“ учествуваа на меѓународната конференција „Моќта на знаењето“

На шестата меѓународна научно – стручна конференција „Моќта на знаењето“, која што од втори до четврти октомври се одржа во Агиа Триада, Република Грција, учествуваа 26 наставници од средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица. Дел од наставниците учествуваа со свои трудови од кои прифатените ќе бидат публикувани во списанието Knowledge International Journal, Nо. 11, со ISSN каталогизација. Секој наставник самостојно го финансираше своето присуство на конференцијата, а целта беше следење на современите текови во образованието и надвор од државата и едуцирање на повисоко ниво за да може на учениците да им се обезбеди квалитетна настава со нови приоди.

Напишете коментар