Над 100 Струмичани ја заклучија љубовта на Љубовниот Ѕид

Вчера на градскиот плоштад во организација на Младинскиот Совет, по повод празниците Св.Трифун и Св.Валентин,струмичани имаа можност да уживаат во една прекрасна љубовна атмосфера, се со цел да се прослави љубовта беше направен и Ѕид на Љубовта, каде над 100 парови од најразлична возраст со катанци ја заклучија својата љубов.

Овој ѕид на љубовта ќе биде сместен во градскиот парк.

Овој љубовен спектакал беше проследен со музика од веќе докажаните млади музички таленти од Струмица.

Напишете коментар