Музичкото училиште „Боро Џони“, синоќа го одржа годишниот концерт

Основното музичко училиште „Боро Џони“ синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ го одржа традиционалниот годишен концерт. Меѓу присутните кои со огромно задоволство го следеа настапот на учениците беше градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, со сопругата Зорица, а присуствуваа и претседателот на Советот Јосиф Христов и членови на истиот и пратеникот Марјан Даскаловски. Учениците од ова училиште изведоа 16 прекрасни точки кои публиката ги награди со бурни аплаузи, а беа наградени учениците кои постигнаа најдобри резултати во текот на годината на бројни домашни и меѓународни натпревари. Само на последниот државен натпревар за млади музичари, учениците од ова училиште освоија 5 специјални награди, 12 први, 7 втори, 5 трети и по една пофалница и диплома за учество.

Напишете коментар