Мониторинг на Јавни Набавки

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со
Центарот за граѓански комуникации, како дел од концептот „Општина по
мерка на граѓаните“ кој го спроведува во партнерство со Општина
Струмица, објавува повик за учесници на обука за претставници од
граѓански организации на тема „Мониторинг на јавни набавки“.

Обуката ќе се спроведе во деновите 31.08.2015 г. (понеделник) и
01.09.2015 г. (вторник) во канцеларијата на Центарот на заедницата на
општина Струмица (Дом на АРМ Струмица).

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 21 август
2015 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на
следниот e-mail: [email protected]. Пријавата може да се
преземе од официјалната web страна на Центарот на заедницата на општина
Струмица: www.ccstrumica.mk.

http://ccstrumica.mk/povik-za-uchesnitsi-na-obuka-za-pretstavnitsi-od-graganski-organizatsii-na-tema-monitoring-na-javni-nabavki/.

Напишете коментар