Младински Совет ве Повикува на Втората Аудиција за Големото Талент Шоу

Нашиот повик за музички таленти го предизвика вниманието кај многумина истакнати средношколци со досегашни настапи на големи сцени, но и на оние кои допрва сакат да го споедлат својот талент. За прв пат ќе се случи заеднички музички проект на средношколците од трите средни општински училишта.

Жирито во состав Анита Станковска, Илија Даов и Љубе Русев уште еднаш ќе ги пречекаат и преслушаат најхрабрите солисти кои треба да подготват една песна по слободен избор. Претставувањето пред жирито е со изведба на песната со матрица.

За потсетување, викендот се одржа првата аудиција од големото Талент шоу кое ќе кулминира со завршен концерт на најдобрите и најхрабри средношколски гласови. Поради големиот интерес овозможуваме термин за втора аудиција – среда со почеток во 17:00 часот во просториите на Младински совет – Струмица.

Сите кои ќе ги поминат аудициите во текот на наредната недела ќе снимаат преработки на песни кои ќе бидат објавени на нашиот веб портал. Публиката со онлајн гласање ќе ги избере најдобрите кои ќе се качат на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“.

Целта на овој заеднички проект е отворање простор за истакнување на нови таленти кои ќе се претстават пред струмичката јавност. Бидете дел од ова најново меѓусебно забавно дружење и искуство за средношколците.

Напишете коментар