Младински Совет Босилово- Повик за тренинг курс “Youth 3.0” во Полска

Полска! Ова е следната дестинација за одржување меѓународен проект, во кој, МСБ ќе го даде својот удел како партнер, а воедно ќе овозможи учество на тројца учесници од нашата организација да се стекнат со незаборавно искуство. Тренинг курсот “Youth 3.0” е собир на младински работници (18+) од Полска, Португалија, Шпанија, Турција, Украина, Македонија, Азербеџан и Италија, кои се заинтересирани за користење на социјалните медиуми во работата со младите, а ќе се одржи 07-16.04.2016 во Гдањск, Полска.
Организаторот ги покрива трошоците за пат, сместување и храна 100%.
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на следнава апликација најдоцна до 27.02.2016:
https://docs.google.com/…/1IDrwEC7r2Aldf-VuxfM_jN…/viewform

Напишете коментар