Младинците на ФК Академија Пандев во финалето од националниот куп

Младинскиот тим на ФК Академија Пандев во реванш натпреварот од 1/2 финалето на националниот куп извојува уште една победа против тимот на ФК Ренова. По првиот натпревар кој нашиот младински тим го доби со 2:1, денес нашите младинци беа повторно подобриот тим во двомечот со ФК Ренова, совладувајќи го домаќинот со 0:3. Стрелци на головите на денешниот натпревар беа: Мишов со 2 гола и Шилинов. Младинското финале од националниот куп е закажано за 19 мај, а противник на нашиот тим ќе биде подобриот од двомечот помеѓу ФК Работнички и ФК Вардар.

Напишете коментар