Митко Гогов учествуваше на фестивал на урбана поезија во Лесковац

Викендов во Лесковац, Србија за прв пат се одржа Фестивалот на урбана поезија „ЛЕ ЛЕ“, во организација на Младинскиот клуб „Анчики“ кој има за цел да ја промовира алтернативната култура кај младите, а во покровителство на градот Лесковац и Лесковачкиот културен центар.

Гости на фестивалот беа Митко Гогов и Елена Пренџова како претставници од Македонија, а покрај нив настапија и членовите на рап-групите: Зоран Стефанов ИСКАЗ (Панчево), Стефан Марковиќ СОЛОУ (Ниш) и Владан Јочиќ ФЛИП ФЛОП (Београд), како и поетесите и поетите: Слаѓана Ѓорѓевиќ, Наталија Алексиќ (Београд), Весна Петковиќ (Власотинце), Зоран Јовановиќ, Стефан Тичми и Владислав Стоичиќ (Лесковац).

На Фестивалот се одржа изложба на делата на авторите-учесници и трибина на тема: „Урбана поезија и формата на современата урбана поезија“, на која, покрај разговорот и дебата, се рецитираше и поезија.

Пред две недели Митко Гогов ја доби третата награда на третиот Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, а Богдан Илиевски – Бетмен додаде на твитер дека твитот со кој Гогов учестуваше за твитер награда на годинашниве „Рацинови средби“ во Велес беше на „длан до победа“.13269264_10154199915542790_3727894832327325424_n

Напишете коментар