Менторски Средби за Сертификација на Наставниците

Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, општина Струмица преку основните и средните општински училишта влезе меѓу првите општини кои низ секојдневната пракса ја развиваа и унапредуваа меѓуетничката интеграција во образованието. Поддршката на општината преку општинските советници за образование и општинскиот просветен инспектор, допринесе процесот на согледувањето на досегашните реализирани активности да произведе позитивен ефект за унапредување на меѓусебните односи на училиштата и локалната заедница. Во врска со тоа, за тимовите за училишна интеграција беа реализирани менторски средби за запознавање со процедурата за сертификација на наставниците, директорите и стручните соработници. Тоа значи дека трудот на тимовите за училишна интеграција кои го дале во оваа област во сиот овој период, ќе биде соодветно ценет и потврден со посебни документи, кои на наставниот кадар особено ќе му послужат за докажување на нивните компетенции и во активностите од меѓуетничката интеграција(МИО).
На менторските средби, одржани во општинските основни училишта „Сандо Масев“ и „Маршал Тито“ од Струмица особено се разгледаа насоките за подготовка на успешни практики за МИО, како и насоките за планирање на активности за новата учебна година. Меѓу присутните на средбите освен општинските присуствуваа и претставници од невладините организации „Лоја“ и „Сумнал“ од Тетово, кои ја координираат и набљудуваат целокупната оваа активност.

Напишете коментар