Менторска средба за подобрување на квалитетот на меѓуетничката интеграција во образованието

Во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица се одржа менторска средба на претставници од четири основни и едно средно општинско училиште од општина Струмица, на која беа разгледани досегашните активности од спроведувањето на процедурата за сертификација на наставниците, а беше прегледана документацијата од набљудувана самостојна активност од завршена формална евалуација на наставници.
За присутните беа презентирани анимирани видеа за активности од меѓуетничката интеграција во образованието (МИО), а се споделија и информации за конкурсот за иновативни практики, малите грантови за училиштата и активностите за дебати и квизови.
Посебен осврт беше даден на запознавањето со содржините на портфолијата за МИО активностите, според кои се следи развојот на компетенциите кај наставниот и стручниот кадар.
Соработката на општината со училиштата во делот на меѓуетничката интеграција во образованието обезбедува развој и унапредување на активности во најраната фаза-планирањето, а особено во реализацијата на различни манифестации со мултикултурни елементи на училишно ниво.
Овие активности се дел од Проектот на УСАИД, реализиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во партнерски однос со општина Струмица и училиштата како непосредни учесници на МИО активностите.

Напишете коментар