Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Просветно дело АД Скопје

Градоначалникот Коста Јаневски и генералниот директор м-р Павле Петров, потпишаа Меморандум за соработка меѓу Општина Струмица и Просветно дело АД Скопје, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и бенефит за двете страни. Со Меморандумот е утврдено воспоставување на трајна соработка со манифестациите „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ и „Детскиот карневал“ во рамките на „Струмички карневал“ во правец на заедничко организирање и реализирање на поетски и ликовни конкурси за учениците од основното и средното образование и организирање работилници и промоции како и обуки, семинари, конференции и трибини за професионален развој на воспитувачи, наставници и педагози во врска со изданијата на Просветно дело и списанијата за деца „Росица“, „Другарче, „Развигор“ и „Наш свет“ во издание на Редакција Детска Радост – Просветно дело.

Напишете коментар