Меѓународен Младински Камп Беласица 2015

Во рамките на проектот “Беласица без граници” во периодот од 4 до 9 Август 2015 година се одржа меѓународен младински камп Беласица 2015 година. Во рамките на овој камп младинците имаа можност да се запознаат со убавините на планината Беласица од македонска страна. Покрај другите активности во рамките на проектот, а во соработка со општина Босилово беа реализирани и посета и предавање за Моноспитовско блато како и посета и запозанавање на начинот на добивање рогозини добиени од рогоз од самото Моноспитско блато. Прво учесниците го посетија Моноспитовското блато каде беше одржано предавање од страна на Кирил Донев кој ги запозна учесниците со историјатот на блатото, неговата корист за локалните жители како и со биодиверзитетот со кој располага истото. По оваа учесниците го посетија лицето Васе Бансколиев од село Моноспитово кој практичо им покажа на учесниците како се прави рогозина од рогоз и им објасни за што истата може да се користи. Учесниците имаа можност самите да пробаат и да изработат дел о рогозината.
Овој камп е трет по ред меѓуннароден камп кој се одржува на планината Беласица. Првиот камп се одржа во Р.Бугарија во 2013 година, а вториот во 2014 во Р.Грција.
Младинкиот камп се реализираше во рамките на проектот Беласица без граници кој го спроведува ЕД Планетум во соработка со Здружението Еуронатур од Р.Германија, Биоразнобразие од Р.Бугарија, природен парк Беласица од Р.Бугарија и националниот парк Керкини од Р.Грција, а е кофинасиран од страна на Германскто Министерство за животна Средина (DBU).

Напишете коментар