,,Мароо да го турам ли…тури го комшо ама појачко да ме ококоре,,

Има секаков вид на чувеци….некој кути мене станува клава кавето зима чигаарте и почнуваа дено уз тај ритуал…..мрц од кавето….пуф од чигаро…вртам по тај фејсбуко да видам некој да не се чинал…да не е пишал ШИ СЕЈД ЈЕС и евентуално да не клавал слика уз прстено на посакалницата….Уз такви работи по ми оде каавето некак по се тркаље по желуднико……На тај ми ти Фејзбуко има сичко…уд Како да изгледаш 20 година помлаџа…до како да смршите седум килограма за седум дана….Урадите брзи ручак за 10 минута…
А наште вести се најчесто политички па и не се интерени многу за коментиране…
Шмрц од кавето…пуф од чигаро…Ааа комшиите биле се на грчка… уво се исплускаље у воота…аааа Киро коомшиита увоо се снајдел на горе уз новата кола се сликал….Ииии ка се лзга тава кафето уз тај фејзбуко ја и три чигара сам изгорел…..
Ама некак не оде тава кавето уз интернето…треба да седнаш су некој …нека поќејфско е кавето..
Тава маретско каве опасна работа..на кој му е текнало алал нека моо….нии гу викаме турско ама как шо гледам по тии ми ти турски серии само чај пиит, а саа од дека така се вика не знаам а и не е битно…Битно кавето е убава работа….Кавето ги зближува чувеците….тава ти е изговор да му се бапнеш на некој на госте, уз кавето се кроот планове …..се уговараат комшиите….некоо фиљанкишика…фиљанкишии….га носеш симпатијата прво на каве па ак ви оде маабето га носеш и на излеваане…па ак ви се погудио кавето па ке ставете на фејзбуко Ши сеејд Јеес….
На времето се одеше на каве после школото да си видеш симпатијата….су кавето се мааше и пикадо у Заир…едноставно се дружеше….ама времината се менат….се мене и омладината.
Па ка ќе ми текне пу тава Скопјето ка бееме на факултет…У студенскио се одеше по собите и се пиише кафе макар и да ти шетто денеска ама пусти моми ќе пиеш …У секое испијано каве ти се гледа ќар….мош од кавето ќе се премине на нешто друго….
Не знам как е на горе..ама кај нас доле многу се пии каве и се ломоте…ти кафичите пуно чувеци …само у последно време не ме аресе…ка кии вииим седнале пар и момата и фраеро топ …као пиит каве а они зејнале у тии телефоонте..нема смисла….
Нека се одалечуваме…се почесто ќе слушнеш маабет у стило..Е дек си братче…ја ме по работа ово оно..Еее ај да пииме каве…е ај да се чууме пу недељта..е ај обавезно….и се устанува на тава…
Таа технологијата колку и да е арна ..толку и не затваре…не одалечува….се поретко некој да ти бапне на госте….ѕвончето на вратата се поретко ѕвоне од госте…само по некој инкасатор…
До нас ли е…до живото ли е…до на комшијата жена му ли е…до светската глобализација ли е…до немаштијата ли е…до глечеро шо се топе на Гренланд ли е….Ама некак фале пиеенто каве уз друштво …со позитива…сега се е некак истрчано каве..

Не памтам уд куга некој комшии е дујдел на каве…има исклучоци ….ама фаље тава комшиското каве…збиранката…шалата…фаље позната аксиома за Каве….Мароо да го турам ли, тури го комшо ама појачко да ме Ококоре….
И ја јас пишајќи го тава сам го ишмраках кавето….ама некак горчеше…немаше сласт кавето….

Автор
Даниел Ѓоргиев