Македонија без Отпад и во о. Босилово

Оваа година продолжува да се реализра проектот „Македонија без отпад“ за кој поддршка даваат бројни владини, невладини институции, Британската Амбасада во Скопје и Министерството за образование и наука. За таа цел, општина Босилово, ЈПКД Огражден заедно со учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица се вклучија со активности кои се во насока на спроведување на големата национална акција за чистење отпад.
Акцијата се спроведе на локација околу акумулација Иловица во атарот на с.Иловица.

Огромните количини енергија и материјали шти ги троши општеството создаваат многу отпад (ѓубре), кој ги загадува воздухот, водата и почвата. Ова загадување, предизвикува сериозни закани за глобалната животна средина. Луѓето создаваат отпад во количини со кои се‘ потешко можат да се справат на соодветен начин.
Токму целта на акцијата е подигање на свеста на локалните жители за правилно постапување со комунален отпад, едукација за неговото правилно отстранување, како и за штетите предизвикани од неправилното фрлање на отпад.

Напишете коментар