Ликовната група ПРЕСЕК со прва меѓународна изложба во Полска

На 20-ти мај во галеријата ГОК во Грујец, Полска, се отвори 4-тата изложба на ликовната група ПРЕСЕК од Струмица, прва од меѓународен карактер на која беа поставени 29 дела од Љупка Галазка Василев, Марјан Ѕингаров и Никола Пијанманов.

Пред посетителите кои беа во голем број зборуваа градоначалникот на општина Грујец, г-дин Јацек Столарски, секретарот во Амбасадата на Македонија во Полска, г-дин Перун Јоргакиески и Ања Дарија Мерска, куратор во галеријата.


Изложбата се одржува со поддршка од Општините Грујец и Струмица, со почесно покровителство од Амбасадата на Македонија во Полска и ќе биде отворена до 4-ти јуни.

Напишете коментар