Лео Клуб и Лајонс ќе го Организираат Вториот Хуманитарен Концерт за Мартина Манушева

Лео Клуб Струмица и Лајонс Клуб Струмица на 22.11.2015 год. (недела) со почеток во 20:00 ч. во Клуб Селект Струмица ќе го организираат вториот хуманитарен концерт.
Средствата собрани од продажбата на картите и донациите на гостите ќе бидат наменети за лекување на 11 годишната Мартина Манушева од Муртино, која има потреба од итно лекување и трансплантација на бубрези.
За забавата ќе се погрижат младите струмички ѕвезди: Трајче Ѓеоргиев, Wipe Out Band, Мотив Бенд, Ристе Гавровски, Ана Цамбулева и Ангела Илиева.

Напишете коментар