Култ-транзен почна со реализација на проектот „Креативна Струмица“ поддржан од општина Струмица

Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен ја реализираше првата активност од проектот „Креативна Струмица“ финансиран од програмата Г1 – трансфер до НВО. Во Домот на Арм во Струмица се одржа средба со писателот Владимир Јанковски од Скопје. Средбата и разговорите со Јанковски беа поделени во два дела, во првиот авторот го претстави својот последен роман Невидливи љубови и беше достапен за прашања и одговори по однос на него. Во вториот дел се дискутираше за состојбите во современата македонска проза, приликите и неприликите во кои таа егзистира, проблемите со кои се соочува македонското издаваштво како и творците во современите констелации, како и што всушност подразбира да се твори на јазик со условно речено мал вернакуларски дијапазон, каквa е позицијата на македонскиот јазик во глобалните прилики, и на многу други прашања и теми значајни за творештвото во Македонија.

Напишете коментар