Кучињата Скитници ќе бидат Обележувани и Вакцинирани

Општина Струмица заедно со ветеринарната клиника „Анри Вет“ од Стојаково, ќе ги заловуваат кучињата-скитници од улиците на Струмица. Тоа значи дека истите ќе бидат хумано згрижени, вакцинирани, одбележани и повторно вратени на теренот од каде што биле собрани, изјави секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов.

„ Сакаме да ги информираме граѓаните и воедно да ги повикаме, посебно оние граѓани кои што имаат домашни миленичиња, односно кучиња, а се необележани односно не се соодветно згрижени, истите да си ги згрижат, или соодветно да ги обележат, во спротивно, ниту општината ниту извршителот на активноста нема да одговараат доколку се случи заловување на вакви кучиња и сите трошоци кои ќе бидат направени за заловувањето на кучињата ќе си ги сносат самите тие“, изјави Парталов.

Тој ги повика граѓаните активно да учествуваат во оваа активност преку пријавување на појавата на кучиња скитници на општинската служба „Систем 48“ и да вршат пријавување на бесплатната телефонска линија 0800-148-48.

Напишете коментар