Крводарителска акција во Василево

Во среда на 29.11.2017 година, во Василево, Црвениот крст на Македонија во соработка со Заводот за трансфузициона медицина и општина Василево организира акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот во просториите на општина Василево.

Организаторите ги покануваат жителите на општина Василево да се вклучат во акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело и со својат крв да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

Напишете коментар