Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и против поранешниот градоначалник на Радовиш

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.Н (39) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

С.Н., извршувајки ја функцијата градоначалник на општина Радовиш, на почетокот на јули 2017 година постапил спротивно на член 4 од Правилникот за користење на службените моторни возила. На 19.07.2017 година С.Н. изготвил и потпишал налог за користење патнички автомобил „Пежо 528“, сопственост на општина Радовиш, на физичко лице кое не е вработено во општина Радовиш на релација Радовиш – Чинарџик, Република Турција и обратно. 

На 22.07.2017 година, на враќање од Република Турција, физичкото лице со возилото предизвикало сообраќајна незгода во Република Турција, со што била причинета материјална штета  на патничко возило „Форд“ во висина од 43.000 денари. По пристигнувањето во Република Македонија возилото „Пежо–528“ веднаш било однесено на поправка за што било платено на рака 10.000 денари. Подоцна, било утврдено и друго оштетување  на возилото во висина од 20.487 денари, кое  се уште не  е санирано. 

На тој начин пријавениот нанел штета на буџетот на општина Радовиш во висина од 63.750 денари. 

Напишете коментар