Кривична пријава за поранешниот градоначалник на о.Василево, крадел струја

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.С (51) од с.Едрениково, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ предвидено во чл. 235 -А од  КЗ на Република Македонија.

Имено, на 27.04.2018 година од страна на електромонтери во ЕВН- КЕЦ Струмица, по извршена контрола на електричната мрежа во с.Едрениково, поточно помошната просторија, сопственост каде и живее пријавениот, било констатирано дека во помошната просторија со кабел од дрвен електричен столб (бандера) директно бил приклучен на уличното осветлување, при што корисникот користел нерегистрирана количина на електрична енергија од уличното осветлување во горенаведениот објект.

По целосно расчистување и документирање на случајот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО-Струмица.

Напишете коментар