Kраткометражниот филм “КАРМА” – прво место на образовното рандеву МАССУМ 2017

На образовното рандеву одржано овој викенд, 21 и 22 април, во СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” СКОПЈЕ ученици од нашето училиште се натпреваруваа и во областа Најдобар Филм.

СОУ Јане Сандански заслужено го освои првото место во категоријата краткометражен филм со филмот “Карма“ – во режија, камера и монтажа на Коки Ќосев. Сценариото е на Зуле Василева, а асистент на режија е Ирена Филева. Во главни улоги се Дарко Панев и Киро Делев. Ментор е Билјана Костадинова.

Тркалото наречено живот постојано се врти. Никогаш не знаеме во кој момент каде ќе се најдеме. Ако денес си овде, утре не се знае каде ќе бидеш. Тоа е главната порака во филмот, во кој главниот лик е дете малтретирано од останатите ученици, но и покрај се успева во животот. Станува успешен млад лекар, кој ќе му го спаси животот на својот најголем злоставувач од училишните денови.

„Животот ни поставува различни услови и патишта. Ако денес си овде утре не се знае каде ќе бидеш. Почитувај го секое постоење на секое битие, само така нема да им дадеш причина н а судбината и кармата да ти ги “плеснат” во лице твоите осудувања за некого и нешто“.

Напишете коментар