Костадинов:Имаме план со кој ќе овозможиме достоинствен живот за сите

Почитувани граѓани,
Започна изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година. Овие избори се исклучително важни за иднината на нашата држава. Од нас зависи каква иднина ќе обезбедиме за нас и идните генерации. Македонија заслужува фер, демократски и регуларни избори.
Република Македонија е пред голем предизвик. Потребни се значајни промени. Потребна е промена на власта, затоа што таа 10години ја водеше државата во погрешна насока. Десетте години ВМРО ДПМНЕ работеше само за себе и фамилијата. Ги осиромаши граѓаните, ја задолжи државата, ги иссели младите од татковите огништа.
Почитувани граѓани,
Сето тоа ќе заврши на 11 декември. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има план за живот во Македонија. Можеме да се справиме со криминалот и корупцијата, да се справиме со исселувањето. Можеме да го подобриме животот на секој граѓанин.
Ја намалуваме невработеноста. 140 милиони евра за поддршка на домашни фирми. Кредити до 15.000 евра со 1% годишна камата за микро бизниси. 10.000 евра неповратни средства за нови бизнис идеи. Основање нови фирми со 1 евро основачки капитал. Ги намалуваме казните и даноците за фирмите.

Воведуваме фер даноци. Сиромашните ќе плаќаат помалку. Го намалуваме јазот меѓу богати и сиромашни. 15% повраток на ДДВ за секој граѓанин. Евтина струја и укинување на радиодифузната такса.

Гарантираме повисоки плати. Просечна плата 30.000 денари, минимална 16.000 денари. За да живееме подобро. Ќе ги зголемиме субвенциите и ќе овозможиме редовна и навремена исплата за вистинските земјоделци.

Ја враќаме слободата и демократијата. Ќе има контрола над власта и правда за сите.
Имаме план и нудиме достоинствен живот за сите граѓани. Тие тоа го заслужуваат. Република Македонија заслужува подобра иднина.

Почитувани граѓани,
Заедно со Вас на 11 декември ќе ја извојуваме најголемата победа и заедно ќе го реализираме Планот за живот во Македонија и ќе ги вратиме честа и достоинството на секој граѓанин.

Напишете коментар