Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата

Почитувани граѓани,
Дванаесет години Струмица испишува успешна приказна, посочена за пример како треба да работи една локална власт. Затоа, денеска, стојам овде пред вас и ве повикувам заедно да ја продолжиме и во следните четири години.
Ние знаевме како, Вие ни верувавте и ни ја дававте Вашата поддршка. Да продолжиме и понатаму заедно да ја развиваме и градиме Струмица и да носиме ЖИВОТ ЗА СИТЕ.
Почитувани граѓани,
За иднината на општина Струмица нудиме многу проекти. Во претстојниот мандатен период планираме да реализираме над дваесет капитални и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во Општината.
Ќе го слушаме гласот на граѓаните, ќе градиме по план, ќе обезбедиме инфраструктура за сите, здрава животна средина, ќе ги намалиме разликите меѓу градот и населените места. Ќе работиме посветено и одговорно.
Затоа утре бидете дел од конвенцијата на СДСМ, на која ќе ви ја презентираме визијата за иднината на нашиот град. Струмица беше и ќе остане симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество, Општина која беше и секогаш ќе биде прва.
Општина за СИТЕ.
Почитувани граѓани,
Досега бев дел од Вас и Вашите проблеми. Сега ми требате Вие и Вашата поддршка за да можеме заедно да ја продолжиме успешната приказна. Благодарам.

Напишете коментар