„Комуналец“Собра 84 метри Кубни Разновиден Отпад

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во текот на вчерашниот ден собра вкупно 84 метри кубни разновиден отпад. Овој отпад е собран од повеќе диви депонии, контејнери и домаќинства кои побараа услуга за изнесување на сметот. Акцијата продолжува и денеска, екипите на „Комуналец“ собираат отпад по пријава од граѓани кои во текот на вчерашниот ден ги средувале своите дворни места.
Од Јавното претпријатие апелираат до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го користат бесплатниот телефонски број на општинскиот сервис „Систем 48“ 0800 148 48, но и телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 да пријават кога имаат насобран отпад во своите домаќинства и истиот со возила на претпријатието навремено ќе биде подигнат.
Подигањето на кабастиот отпад ( гранки, суви треви и слично) се врши бесплатно, а се наплаќа само подигањето на градежниот шут и тоа 800 денари од трактор, согласно Одлуката усвоена на Советот на општина Струмица.

Напишете коментар