„Комуналец“ врши генерално чистење и дезинфицирање на градскиот плоштад

По завршувањето на Струмица опен фестивалот и собирањето на вкупно 146 метри кубни отпад во последните три вечери од неговото одржување, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска започна со генерално чистење и дезинфицирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и околните улици. Од претпријатието информираа дека со специјално средство се врши комплетно чистење и дезинфицирање на целата површина, а апелираат и до граѓаните доколку некои места околу плоштадот случајно не бидат опфатени или пак тие сметаат дека има места каде што треба да се изврши дезинфекција да пријават на телефонскиот број 034 325 909. Инаку и за време на одржувањето на фестивалот, екипи на ЈПКД „Комуналец“ вршеа редовно подигање на отпадот и чистење на местата каде што се одржуваа настаните на седмото издание на Струмица опен фестивалот.

Напишете коментар