„Комуналец“ постави два нови коша на игралиштето во училиштето „Маршал Тито“ во Муртино

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ постави два нови коша на спортското игралиште во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во населеното место Муртино. Еден од кошевите беше оштетен од последното невреме што го зафати овој регион и во „Комуналец“ одлучија освен оштетениот да го заменат и другиот кош, со што сега учениците во ова училиште имаат одлични услови за играње кошарка.
Од ова училиште информираа дека освен средувањето на игралиштето, во текот на летниот распуст беа изведени повеќе работни активности и во подрачните училишта во Габрово и Банско, односно, извршено е варосување во истите, а санирани се и сите недостатоци со што во двете училишта се создадени соодветни услови за изведување на воспитно – образовниот процес.

Напишете коментар