„Комуналец“ почна да ги приклучува домаќинствата на фекалната канализација во Костурино

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почна со изведба на куќните приклучоци на фекалната канализација во населеното место Костурино. Со средства од буџетот на општина Струмица е изведена примарната и секундарната фекална мрежа и со приклучувањето на домаќинствата целосно се заокружува овој проект со кој се решава голем проблем на жителите во ова населено место.

-Според досега поднесените барања кај нас, интересот за приклучок е голем, во Костурино има околу 350 домаќинства, а имаме 150 барања, десетина досега се изведени и ако не послужи времето во наредниот период нашите екипи интензивно ќе работат на приклучувањето, рече Трајче Ангелов, инженер во ЈПКД „Комуналец“.

Напишете коментар