„Комуналец“ и Денеска Отстрануваше Диви Депонии

Екипи на јавното претпријатие „Комуналец“ и денеска работеа на неколку локации во градот отстранувајќи ги дивите депонии. Уште од раните утрински часови се работеше на транзитниот пат и тоа од двете страни, искосена е тревата и собран отпадот, а се продолжи на улицата „Спиро Захов“. Од овие локации се подигнати поголеми количини разновиден отпад.
Од ЈПКД „Комуналец“ уште еднаш апелираа до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го користат бесплатниот телефонски број на општинскиот сервис „Систем 48“ 0800 148 48, но и телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 да пријават кога имаат насобран отпад во своите домаќинства и истиот со возила на претпријатието навремено ќе биде подигнат.
Подигањето на кабастиот отпад ( гранки, суви треви и слично) се врши бесплатно, а се наплаќа само подигањето на градежниот шут и тоа 800 денари од трактор, согласно Одлуката усвоена на Советот на општина Струмица.

Напишете коментар