Комуналец го Санираше Дефектот со Водоснабдувањето во Куклиш

Неколкудневниот проблем околу снабдувањето со вода за пиење со кој се соочуваа граѓаните на Куклиш е веќе минато. Јавното претпријатие за комунални дејности ,,Комуналец ,,со замената на трансформаторот кој ја снабдува пумпната станица со електрична енергија го отстрани проблемот со водоснабдувањето во ова населено место. Раководителот на Работната единица ,,Водовод и канализација,, Стојан Ефтимов го изрази задоволството од успешно извршениот зафат за отстранување на дефектот и им се заблагодари на куклишани за разбирањето околу настанатиот проблем со водоснабдувањето.
Стојан Ефтимов : ,,Сакам да ја известам јавноста, поточно граѓаните на населеното место Куклиш, дека денеска јавното комунално претпријатие прави еден голем зафат на замена на трансформаторот кој ја снабдуваше пумпната станица со електрична енергија. Тоа беше причина што граѓаните на населеното место Куклиш, во текот на викендот останаа без вода за пиење. Проблемот настана во текот на викендот, поточно дефектот е констатиран во неделата, па ЈПКД ,,Комуналец,, во изминативе два дена напорно работеше на санирање на дефектот на трансформаторот. Денес имате можност да видите дека се врши целосна замена на трансформаторот и со тоа ќе биде обезбедена електрична енергија за пумпната станица која го снабдува Куклиш со вода. Знаете дека ова населено место, во текот на летните месеци, се снабдува со вода за пиење исклучиво преку бунарскиот систем кој е направен, и пумпните станици се снабдуваат со електрична енергија преку трансформатор. Дефектот кој е констатиран беше причина граѓаните од Куклиш да останат без вода за пиење во текот на викендот, па се до денес. Очекуваме дека дефектот е навремено и целосно саниран и дека со тоа ќе се нормализира водоснабдувањето во Куклиш во текот на денешниот ден. Ја користам можноста да ги известам граѓаните за дефектот и истовремено да се заблагодарам за разбирањето кое што го имаа за проблемите со водоснабдувањето на Куклиш.

Напишете коментар