„Комуналец“ го исчисти просторот околу објектот на поранешен „Агропромет“

Вработените во работната единица „Чистота“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работеа на просторот околу поранешната дирекција на „Агропромет“. Поради несовесноста на одредени поединци, претпријатието им излезе во пресрет на граѓаните кои побараа овој простор да се исчисти, затоа што подолго време е запуштен и затрупан со разновиден отпад, а во интерес на одржувањето на чистотата во градот.
Од овој простор денеска се собраа осум кубици гранки, трева и друг разновиден отпад. Од „Комуналец“ апелираа до сопствениците да се грижат за просторот околу нивните објекти.

Напишете коментар