„Комуналец“ го Чисти булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Климент Охридски“

Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работат на булеварот „Гоце Делчев“, односно, од кружниот тек кај Анска Река до шумското стопанство и на улицата „Климент Охридски“ од силосите на „Жито Струмица“ до Терминалот. Денеска се коси тревата, а од утре ќе се врши собирање на истата и комплетно чистење.
Покрај ова и денеска, како и во изминатите денови, се собираше отпадот од големиот градски парк, односно, од локациите на кои што се одржуваат програмските содржини на „Струмица опен фест“.
„Комуналец“ работеше и за време на викендот. Се отстранија дивите депонии на транзитниот пат и на улицата „Спиро Захов“, а се дезинфицираа и 150 контејнери.

Напишете коментар