„Комуналец“ го чистеше просторот околу центарот за култура „Антон Панов“

Вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и вчера вредно работеа на одржувањето на јавната чистота во градот. Ја искористија вчерашната намалена

фреквенција на луѓе и возила и го чистат целиот простор околу центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Се отстрануваат дрвјата, се коси тревата и се собира и подига разновидниот отпад расфрлан околу него.
Од „Комуналец“ и во оваа прилика апелираа до граѓаните да се воздржат од фрлање отпад на места кои немаат таква намена и да ги користат услугите кои што 24 часа ги нуди јавното претпријатие, затоа што само со висока еколошка свест и заедничка одговорност кон средината во која што живееме ќе имаме чист град, каков што впрочем сите посакуваме.

Напишете коментар