„Комуналец го чистеше населеното место Сачево

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и во овој период од годината продолжува со акцијата за генерално чистење на населените места во општина Струмица. Викендов се чистеше во населеното место Сачево. Според информациите од „Комуналец“ посебно внимание во чистењето се посвети на централното подрачје, во и околу црквата и околу каналот кој поминува низ ова населено место. На овие локации се косеше тревата и се собра целиот отпад. Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до жителите на Сачево да го фрлаат отпадот на соодветните места и со тоа да го дадат својот влог во заштитата на животната средина.

Напишете коментар