Ќе запеам јас-прв видео запис на Зоран Панделиев

Во продукција на Арт Студио- фолк пејачот Зоран Панделиев од Струмица го снимаше својот прв видео запис за песната Ќе запеам јас.
Спотот е снимен во близина на Марков манастир и Козјак.
По овој прв негов видео спот, Зоран планира уште неколку видео записи во продукција на „Арт Студио“, на песни кои во моментот ги снима, а ќе бидат дел од неговиот албум планиран пред македонската публика да се појави до крајот на годината.

Инаку, Зоран Панделиев својот дебитантски настап го имаше на Фолк Фест „Валандово“ 2002-та година со песната „Ѕидови меѓу нас“, потоа следуваа уште неколку фестивалски настапи, како соло пејач, но и заедно со својата група „Екстра Бенд“. Пред две години на „Гоце Фест“, Зоран со песната „Еј Самоиле, Цар македонски“, ја доби специјалната награда за сценски настап „Јонче Христовски“, а оваа песна ја доби и наградата за најдобар аранжман.

Напишете коментар