Ќе се Поставува Втор Слој Асфалт по Улиците на Градот

Општина Струмица ќе почне со поставување на втор слој асфалт на улиците во градот. Според програмата за улици и патишта за 2015 година, со овој градежен зафат ќе бидат опфатени улиците „Браќа Миладинови“ на потегот од Алфа банка до крстосницата со улицата „Братство Единство“, улицата „Моша Пијаде“ на потегот од СОУ „Јане Сандански“ до улицата „Ѓуро Салај“, улицата „Братство Единство“ на потегот од улицата „24 декември“ до улицата „Климент Охридски“ и улицата „Ристоман Попчевски“ на потегот од булеварот „Маршал Тито“ до улицата „Спиро Захов“. Ќе се асфалтира и главната патека во градските гробишта.
Овие градежни активности се реализираат со средства од буџетот на општина Струмица.

Напишете коментар