Ќе се Осветлува Магистралниот Пат М6 во делот на о. Василево

Магистралниот пат М-6 во делот на општина Василево, односно делницата клучка Василево – клучка Градошорци – клучка Добрашинци набрзо ќе добие комплетно улично осветлување.
Градежната оператива ангажирана од Јавното претпријатие за државни патишта деновиве врши градежни активности кои се состојат во ископ на ров покрај дел од магистралниот пат М-6 во делот на општина Василево и поставување на инсталации, неопходни за уличното осветлување.
Според информацијата од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, со реализацијата на оваа активност се постигнуваат две цели: визуелниот ефект што ќе го имаат патниците при влезот во општинскиот центар од една страна и од друга страна, она што е посебно важно, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено ако се има предвид фактот дека во овој дел од магистралниот пат се вклучуваат локалните патишта од неколку населени места, еден регионален пат како и поврзаноста на индустриската зона Василево, со целокупната фреквенција на возила и луѓе.
Активноста ја реализира Јавното претпријатие за државни патишта.

Напишете коментар