Ќе се Градат Три Нови Улици во Општина Василево

Општина Василево потпиша договор за изградба на три нови улици
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, денес потпиша договор за асфалтирање на платото пред училиштето во Нова Маала и вкупно три улици од кои две во населеното место Градошорци и една во Нова Маала.
Улицата што ќе се асфалтира во Нова маала е кај црквта и е со должина од 240 метри додека двете улици во Градошорци се во т.н Турско маало и се долги 95 и 130 метри.
Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица, а рокот на изведба за сите четири објекти е 60 дена или како што изјави г-дин Живко Пандев, управител на компанијата „Жикол“, при потпишувањето на договорот, доколку временските услови дозволат, постои можност работите да бидат завршени и порано.
Вкупниот буџет за сите овие проекти е околу 2 700 000 денари, средства обезбедени од општинскиот Буџет.
Асфалтирањето на трите улици и платото пред ООУ „Атанас Нивичански“ во Нова Маала, е само потврда на нашата заложба дека во континуитет работиме на подобрување на условите на сите категории граѓани, независно од нивната возраст, пол, партиска или верска припадност.

Напишете коментар