Кавадарчани – победници на Street Basket – Владевци 2016

„Жито југ“ Кавадарци се победници на турнирот во улична кошарка Street Basket – Владевци 2016, кој под покровителство на општина Василево а по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, четврта година по ред се одржува во населеното место Владиевци.

Во големото финале, Кавадарчани беа подобри, го надиграа противникот „Нипром“ и заслужено го освоија првото место и победничкиот пехар.

Во борбата за третото место екипата на „Книжарница 5+“ беше подобра, така што екипата на домаќинот „Авто парк Ване“ мораше да се задоволи со четвртото место.

За најдобар играч беше прогласен Милан Николов од екипата на „Жито југ“ Кавадарци.

Годинава како новитет на турнирот беше организиран натпревар во фрлање „тројки“ во кој најуспешен меѓу петнаесетмината пријавени беше Павле Узунов од Струмица.

Турнирот траеше четири дена, вкупниот награден фонд беше 60 000 денари, учествуваа десетина екипи а натпреварите се играа под рефлектори на игралиштето во с. Владиевци.

Напишете коментар