К о н к у р с за доделување на награди за литературен состав посветен на градот Струмица

Врз основа на член 10 од Статутот на Општина Струмица- пречистен текст (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 5/06) Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица, по повод 11 Декември, Денот на заштитниците на град Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” распишува:

К о н к у р с
за доделување на награди за литературен
состав посветен на градот Струмица

Со литературни творби (поезија и проза) посветени на градот Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:

1. Ученици од основните училишта
2. Ученици од средните училишта
3. Возрасни автори

За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Наградите во категоријата “возрасни граѓани” се состојат од диплома и паричен износ.
Литературните творби посветени на градот Струмица треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата. Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата : Локална Установа Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица ул. „ Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол „ Конкурсот за доделување на награда за литературен состав посветен на град Струмица“ и шифрата.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата за општествени дејности при општина Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 27 ноември 2015 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Дополнителни информации на тел:
– ( 034) 348-030, локал 106 – Општина Струмица
– ( 034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица

Бр. 08-8346/2 Комисија за општествени дејности
05.11.2015 г. Претседател,
С т р у м и ц а Петар Божинов

фотографија на Општина Струмица

Напишете коментар