Извршена ждрепката, познати групите за „Пандев куп 2018“

Од 7 до 10 март во Струмица ќе се одржи првото издание на “Пандев куп”, турнир кој во иднина треба да прерасне во традиоционален.

На него ќе учествуваат 64 екипи од четири држави (Македонија, Бугарија, Србија и Хрватска) во четири возрасни категории (2006, 2007, 2008 и 2009 година) и поделени во вкупно 16 групи од по четири.

Ждрепката е веќе извршена, познат е составот на групите и тие ветуваат интересно натпреварување. Се игра по системот “секој со секого”, првопласираните две екипи од секоја група одат во плеј-оф А, а третата и четвртата во плеј-оф Б

Напишете коментар