Изложба на стрип цртежи

Во организација на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, од 20 до 23 април во с. Нежилово, се одржа
4-дневно стрип-училиште за креативен ангажман. Оваа активност е дел од проектот „Стрипот како креативна алатка
во функција на граѓанскиот ангажман“.Во периодот на престојот, дванаесет цртачи од Скопје, Куманово, Струмица, Кратово, Битола и од с. Горно Јаболчиште,со помош на нивни водичи и персоналот на СЦМ-Велес, ги довршија веќе отпочнатите стрип-дела со приоритетни теми за цртање: миграции, меѓуетнички односи, родови прашања, но и екологија и
други теми во зависност од афинитетот и интересот на авторите. На работилницата за стрип учествуваа и претставници од Здружението Транзен – Лефтерија Трајкова и Софронија Шарламанов.
Отварањето на изложбата на цртежите од стрип работилницата ќе биде на 31.05. – Среда со почеток во 14.00 ч. во просториите на Домот на АРМ на втори кат. Изложбата технички е поддржана од Дом за деца и млади – Струмица.
Проктот е финансиран преку програмата Цивика Мобилитас на Швајцарската Агенција за развој и Соработка.

Напишете коментар