ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА СТОЛЕ АНГЕЛОВ ВО ФОТОГРАФСКОТО СТУДИО „СТУДИО 38“

Вечер со почеток во 20.30 часот во просториите на фотографското студио „СТУДИО 38“ кое се наоѓа на ул. Пере Тошев 2 веднаш спроти кружниот тек кај „Бурчо“ ќе се одржи изложба на концептуални стрит фотографии од струмичанецот Столе Ангелов, изложба која е во организација на Здружение „Транзен“. Една од идеите на изложбата е и промоција на културата и уметноста на нови урбани и алтернативни места и локации.

Напишете коментар