Излезе од печат книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев

По повод празникот на Воскресението Христово, деновиве од печат излезе книгата за деца „Венец на светоста“ од д-р Дмитриј Авдеев, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.

Книгата содржи десет кратки житија на светителите: свети Никола Чудотворец, свети Спиридон Чудотворец, свети великомаченик Димитриј Солунски, свети великомаченик Пантелејмон, свети маченик Трифун, преподобен Герасим Јордански, преподобен Серафим Саровски, светите седум Ефески момчиња, свети праведен Јован Руски и преподобна маченичка великата кнегина Елисавета.

Илустрациите за книгата ги изработија децата од училиштата во Струмица, под раководство на нивната наставничка, м-р Катерина Божинова, дипл. теолог и проф. спец. по религиско образование.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 14 април 2018 година, во 18 часот, во просториите на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, и по тој повод ќе се организира изложба на која ќе бидат изложени сите цртежи од децата, кои поради ограниченоста на бројот на страници, не беа опфатени во книгатa

Напишете коментар