Инфо ден во Струмица за проектот „Македонија без отпад 2016“

здравата и чиста животна средина не е привилегија, туку одговорност на секој жител
на Македонија, а со континуиран труд, акција и визија истата е возможна.
Нашата земја во моментов се соочува со голем проблем кога станува збор за
комуналниот отпад и неговото нерационално искористување.
Затоа, Ајде Македонија сонува и активно работи да ја види Македонија убава и
еколошки освестена, а во тој контекст по повод големата национална акција за
елиминација на отпадот „Македонија без отпад 2016“, Ве поканува на отворена
инфо-вечер, на 31.08.2016 во 14 часот во Канцеларија на заедницата во
Струмица, да се запознаете со планираните активностите за претстојната акција и
да ја поддржите мисијата за чиста и зелена Македонија.
По повод настанот Ве покануваме ексклузивно да го погледнете промотивниот спот
на https://goo.gl/RwYsPV и настанот погледнете го на Фејсбук goo.gl/UyH692
Минатогодишната успешна акција за чистење диви депонии во Македонија, во
рамките на глобалната инцијатива „Да го исчистиме светот“ (“Let’s do it! World”),
успеа да обедини 20,000 волонтери ширум земјава. Ајде Македонија чувствува
огромно задоволство што оваа традиционална акција ќе се организира по петти пат,
а годинава таа ќе биде поддржана од проектот на Швајцарската агенција за развој
и соработка (СДЦ), Цивика Мобилитас.
Ајде Македонија Ве повикува заедно да се бунтуваме против отпадот, за
подобра и чиста Македонија!

Напишете коментар