И Оваа Година Летна Школа за Гитара на Струмица Опен Фест

Во склопот на Струмица Опен Фест е и летната школа за гитара која е под менторство на мр.Васко Пиличев.
И оваа година интересот е голем,професорот Пиличев е задоволен од работната атмосфера и досега сработеното.За Струмица Портал ја даде следнава изјава.
letna-skola

Мр.Васко Пиличев-Еве заврши и вториот ден од летната школа за гитара во рамките на СОФ 2015 и можам да кажам дека сум презадоволен од досега постигнатото, сите деца учесници на школата се подготвени за завршниот концерт утревечер со почеток во 20:00 во амфитеатерот во градскот парк. Инаку атмосверата за овие два дена беше навистина добра, позитивна, друштвена што е и целта на оваа летна школа, на мое огромно задоволство неколку ученици самоиницијативно направија обработка на 2 познати македонси песни за 3 гитари што ќе имате прилика да ги слушнете на концертот утревечер, затоа користам прилика уште еднаш да ве поканам да дојдете на завршниот концерт на летната школа.

Напишете коментар