Група Граѓани и Денеска Побараа Оставка од Градоначалникот Заев

Со слики од различни локации од градот и населените места денеска група на граѓани повторно на прес конференција побраа оставка од градоначалникот Зоран Заев.

Тие денеска преку слики од повеќе локации од градот и населените места сакале да ја покажат негрижата на локалната власт и уште еднаш побара оставка од градоначалникот Заев и предвремени избори.Од ден на ден сликата на градот станува се полоша заради незаентерисираноста на градоначалникот за општина Струмица.

 

Еве го интеграниот текст од прес конференцијата на групата на граѓани.

Почитувани граѓани на општина Струмица
 
Секојдневно сме сведоци на негрижата и несовесниот однос кои  градоначалникот Заев ги покажува за нашата општина.
Со секој изминат ден се влошува и онака лошата состојба во која се наоѓаат инфраструктирните објекти во Струмица и околните места.
Хигиената на јавните површини во општината веќе е под секаков  технички минимум и е алармантна, диви депонии за смет никнуваат на секој ќош, дури и улиците во центарот на градот се ископани до непрепознатливост…
 
Кал, ископани и неасфалтирани улици,  диви депонии кои претставуваат потенцијален извор на заразни болести, ненавремено исчистени контејнери со смет…
Тоа се новите обележја на нашата општина  која отсутниот градоначалник  не може да ги примети оти едноставно не му се приоритет.
 
Затоа од ова место го повикуваме, да ја спаси Струмица од него самиот и да си поднесе оставка.
Нека распише предвремени локални избори во септември.
Крајно Време е Струмица да добие градоначалник кој ќе се грижи за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Напишете коментар